На „Александар Велики“ минале 100.000 патници за еден месец

Bez autora
Aug 19 2011

Речиси 100.000 патници во јули поминале низ скопскиот аеродром „Александар Велики“, што е зголемување за 9 проценти во однос на минатиот јули. Влегувањето на неколку нови нискотарифни авиокомпании, кои Скопје директно го поврзаа со нови дестинации и понудија евтини билети за македонските патници, ги покажа првите позитивни резултати. Концесионерот ТАВ е задоволен од бројките, но очекуваат вистинскиот бум од патници да се случи по завршувањето на модернизацијата на аеродромот, пистата и отворањето на новата терминална зграда. Ако минатата година низ „Александар Велики“ минале околу 680.000 патници, таа бројка во првите 7 месеци од годинава надминува 400.000 патници. Доаѓањето на нискобуџетната компанија „Пегасус“ од Турција е последна новина во домашниот авиосообраќај. Компанијата го поврза Скопје со Истанбул и Измир за само 29 евра, а во текот на летово со чартер-летови ќе носи туристи кон турските летувалишта Анталија и Бодрум. Авионите на „Пегасус“ до Истанбул и назад ќе летаат во вторник, четврток и недела, а до Измир и назад во понеделник и во петок...

На „Александар Велики“ минале 100.000 патници за еден месецРечиси 100.000 патници во јули поминале низ скопскиот аеродром „Александар Велики“, што е зголемување за 9 проценти во однос на минатиот јули.

Влегувањето на неколку нови нискотарифни авиокомпании, кои Скопје директно го поврзаа со нови дестинации и понудија евтини билети за македонските патници, ги покажа првите позитивни резултати. Концесионерот ТАВ е задоволен од бројките, но очекуваат вистинскиот бум од патници да се случи по завршувањето на модернизацијата на аеродромот, пистата и отворањето на новата терминална зграда. Ако минатата година низ „Александар Велики“ минале околу 680.000 патници, таа бројка во првите 7 месеци од годинава надминува 400.000 патници. Доаѓањето на нискобуџетната компанија „Пегасус“ од Турција е последна новина во домашниот авиосообраќај. Компанијата го поврза Скопје со Истанбул и Измир за само 29 евра, а во текот на летово со чартер-летови ќе носи туристи кон турските летувалишта Анталија и Бодрум. Авионите на „Пегасус“ до Истанбул и назад ќе летаат во вторник, четврток и недела, а до Измир и назад во понеделник и во петок. Преку Истанбул, компанијата нуди можност и за сите што патуваат до азиските и европските дестинации. 

„И покрај тоа што два локални и еден црногорски авиопревозник ги прекинаа своите летови од Скопје, ние успеавме да го зголемиме бројот на патници и на двата аеродрома, преку нашите залагања и студиозната маркетинг- стратегија. Бројот на патници во јули беше речиси 9 отсто поголем од истиот месец 2010 година, што е целосно во рамките на нашите очекувања“, информираат од ТАВ. 

Најголем пораст на бројот на патници на скопскиот аеродром имало во април, кога долетале над 55.000 патници, дури 23 проценти повеќе од истиот месец лани и во февруари, кога низ аеродромот поминале речиси 12 проценти повеќе од претходниот февруари, покажува статистиката на компанијата. 

Летните месеци донесоа зголемување на бројот на патници во однос на минатата година и на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“. Охридскиот аеродром, со директни чартер-летови на компаниите „Финер“, „Корендон Дач ерлајнс“ и „Туи ерлајнс“, сезонски, од мај до октомври, ќе биде поврзан со Хелсинки и со Амстердам. Најголем број од патниците на „Свети апостол Павле“ се туристи од Финска и од Холандија, но и наши иселеници од Швајцарија што до Охрид стигнуваа преку чартер летовите на компаниите „Хелло Аг“ и „Еделвајс“ од Цирих. Во Охрид летово со чартери ќе долетаат и туристи од Израел, кои со компанијата „Арка ерлајнс“ ќе треба да пристигнат во септември и во октомври. 

Со сезонски чартер-летови поголем број патници одлетаа и од скопскиот аеродром и тоа кон две нови дестинации во Турција. За Анталија се лета со компаниите „Сан експрес“, „Скај ерлајнс“ и „Корендон ерлајнс“, а кон Бодрум со „Бораџет“. „Мистрал ер“ ќе го поврзува Скопје со Рим до октомври, а „ХЛ ервејз“ со Дизелдорф.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik